Ролована баклава со чоколадо, лешник и кокос
Состојки
- 500гр готови кори за баклава
- околу 300гр мелени и дробени лешници
- 200гр-300гр чоколадо за готвење
- околу 100гр кокос
- 100-150гр мелени бисквити
- околу50-100мл масло
- 200-250гр путер
- сируп за преливање на баклавата-шербет
- 800гр шеќер
- 400-450мл вода
- 2 кесички ванилин шеќер
- сок и цел/знали 2 / лимони
Подготовка
Плехот - подлабокиот од рерната намачкајте го со сосема тенок слој на путер.
Настрана ставајте една кора и малку попрскајт ја со масло. Додадете уште една над неа и неа попрскајтеја со масло. По целата кора наросете од лешникот и нарендајте од чоколадото на крупната страна на рендето. По целата ширина на кората, наросете како куп од лешникот, кокосот и бисквитите/објаснето на дополнителната слика/, па завиткајтеја во ролат. Сето ова повторувајте го се додека имате кори и состојки за посипување. Готовата завиткана во ролатчиња -баклава насечетеја на долгнавести парчиња и попрскајтеја со малку масло.
Рерната загрејтеја на 180-200 степени во зависност од јачината на рерната, температурата може да биде различна, па затоа сами одредете на колку ќе ја печете баклавата.
После 5-10 минути, растопете го путерот и прелијте ја целата баклава и продолжете да ја печете се додека не добие убава црвенкаста боја/или како сто велеше мојата мајка-баклавата да прошета во тепсијата-кога ќе ја затресете тепсијата пецивото да шета во неа/.
Додека се пече баклавата сварете го сирупот и варете околу10-15 мин, малку да се згусне, но не многу. Додајте го сокот од лимонот и варете уште малку, да повари.
Топлата баклава наредете ја со кругови на лимон и потурете ја со жешкиот шербет-сируп.
Оставете ја да се лади до наредниот ден. Во текот на ноќта целиот шербет ќе се упие во баклавата, а горниот дел ќе биде крцкав и ќе се рони.