Испечати

Естерхази торта

Естерхази торта

Состојки

  • Кори
  • 10 белки+прстофат сол
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. мелени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • Фил
  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 8 лажици густин
  • 800 мл. млеко
  • 200 гр. маргарин
  • 100 гр. шеќер
  • 100 мл. слатка павлака
  • Декорација
  • 200 мл. слатка павлака
  • 50 гр. рендана чоколада

Подготовка

За мојот 100-ти рецепт, ве честам со оваа прекрасна торта.

Кори
Најпрво исечете 4 листа од хартија за печење во големина на плехот од рерна. На секој лист нацртајте кружница со дијаметар 24 см. мојот шестар не можеше до 24 см. затоа најдов чинија со толкав радиус, па може да нацртате со чинија.

Белките ставете ги во поголем сад за матење, да биде повисок. Додајте прстофат сол. Матете со голема брзина на мискерот. Кога се добил мек снег лажица по лажица ставајте од шеќерот. Матете додека се добие цврст снег-проверете така што надолу превртете го садот и не треба да испадни смесата.

Просејте го брашното и додајте го пецивото, ставете ги и лешниците(ситно мелени). Сега земете поголема лажица и мешајте кон една страна-ставете ја лажицата на средината на садот,свртете налево и пак вратете се на средината и се така додека се спојат состојките.
Еден лист хартија ставете на опачината на плехот од рерна кој е премачкан со малку масло, каде што е исцратн кружницата премачкјајте со мала коцка маргарин.
Од сместа сипете 4 лажици и размачкајте по кружницата. Ставете да да се печи во загреана рерна на 200 степени додека добие златно-жолта боја некаде околу 10 тина минути. Ваѓајте ја кората и ставете ја другата на ист начин подготвена.Тргнете ја кората од листот и ставете ја на чинија или нешто друго.На истиот лист хартија ќе печете уште една или како сакате. Треба да се испечет 8 кори-корите ќе бидат тенки.
По секое нанесување од смесата, смесата држете ја на ладно место за да не спаднат белките и да спаднат ништо страшно (барем јас мислам)

Фил
Во меѓувреме додека се печат корите, од млекото одземете 200 мл. млеко, а другото ставете го да се загрее, жолчките изматете ги со шеќерот додека шеќерот се стопи. Доајте го гутинот и млекото и матете да се соедини. Кога млекото ќе зоврие сипете ја смесата и намалете ја температурата. Матете додека се згусти, тргнете ја сместа кога ќе се згусти. Бидејќи има многу грутчиња веднаш измикајте го филот со миксер. Ставете над него пластична фолија и оставете го да се лади.Може да биде и млак кога ќе го извадите.
Кога корите се готови во сад ставете го маргаринот и шеќерот миксајте додека смесата стане пенеста, додајте ја претходно изматената слатка павлака и лажица по лажица додавајте од филот и миксајте додека стане кремаста крема.

Редење на корите
На рамна чинија ставете една кора, намачкајте ја со 5 лажици од филот и израмнете насекаде, така наредете ги сите кори, намачкајте ја и последната.
Изматете ја слаткате павлака додека ја добие потребната густина и премачкајте ја тортата по желба украсете ја.
Може да ја прелеете со 100 гр. бела чоколада стопена со 4 лажици масло. Во оригиналниот рецепт се прелива со 1 белка малку разматена со вилушка и измешана со 200 гр. просеан прав шеќер и 1 мала лажичка лимонов сок-ако правите вака смесата не треба да биде ниту ретка ниту густа.
Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне 1 час.

За корите, лешниците може малку да ги потпечете на суво тавче за да имаат по интензивен вкус и арома. Во секој сличај тортата е прекрасна излегуваат некаде околу 30 средно дебели парчиња.

Естерхази торта потекнува од Унгарија и Австрија.