Испечати

Кекси со варени жолчки

Кекси со варени жолчки

Состојки

  • 3 тврдо варени жолчки
  • 150 гр брашно
  • 100 гр нишесте
  • 80 гр шеќер во прав
  • 150 гр путер на собна температура
  • 1 ванила
  • рендана кора од пола лимон или екстракт од лимон
  • За посипување
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Жолчките ставете ги во садот за матење и со вилушка или лажица убаво испасирајте ги. Потоа додајте ги сите останати состојки и изматете ги со миксер (со мешалките за тесто) да се изедначат, да се добие смеса како тесто. Префрлете го на набрашнета површина и со рацете направете топка. Завиткајте ја во најлонска фолија и оставете ја во фрижидер 1 час. Потоа на набрашнета површина развлечете кора дебела околу 7-8 мм и со калапчина правите колачи. Ставете ги на плех обложен со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 170-180 степени 10-15 мин.
Оладени посипете ги со шеќер во прав и послужете ги.