Розен колач
Состојки
- Тесто
- 1 јајце
- 300 гр. брашно
- 130 мл. млеко
- 1 полна лажица маст - може маргарин или маслац
- околу 50 гр. шекер (една шака)
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- Фил
- 300 гр. шекер
- 150 мл. вода
- 300 гр. мелени ореви
- 2 ванили
- 300 гр. маргарин
- Глазура
- 250 гр. шекер во прав
- по малку сок од лимон и вода
- малку прехрамбена боја
Подготовка
Ова ми се за прв пат правени кори за Розен колачот, а понатаму ги користам и за мешовит колач - и Розен и Маџарица комбинации. Сфативте дека ми е ова прв Розен колач и фотографиите се точно од првиот пат, значи сега го читате и гледате мојот ревиален Розен колач,
- Тестото се спрема многу лесно, не се меси многу, ќе ги измешате сите состојки и месете колку да истите спојат. Може да има одстапки во количината на брашното, тестото само ќе ви каже тестото дали треба да додадете брашно.
- Поделете го тестото на толку делови колку што сакате да бидат големи корите без разлика дали ќе се округли или правоаголни.
- Исечете ја хартијата за печење според саканите од вас димензии и плехот на кој ке печете. Врз неа ставете го тестото, расукајте сосема тенка кора, колку што може потенка.
- Вклучете ја рерната на 175 степени, додека се загрева ке развлечете две кори. Заедно со хартијата поставете ја кората на плекот или опачината на плекот за кој сте се одлучиле да печете. Доколку не ви е рамномерно развлечена кората,а слободно тоа го направете врз плехо со сукало или со рака израмнете. Корите треба да бидат многу тенки и со правилна форма во која ги правите.
- Штом е рерната загреана ставете го плекот и печете околу 3-4 мин. ништо повеќе, треба да останат бели.
- Додека се пече оваа кора, вие ги развлекувате останатите.
- Печената кора извадете ја и покријте со чаршавче или крпа и секоја наредна врз првата кора, за цело време ги покривате.
Фил
- Ставете во касеролата шеќерот и водата, измешајте, нека се вари највеќе 5 минути, додадете ја ванилата, оревите, тргнете од огнот и нека олади.
- Пенесто сматете го маргаринот и во него додадете го предходниот оладех фил - измешајте.
- Филувајте првата кора - врз неа ставете ја втората- добро измазнете со рацете да се спои втората кора со филот лено налегнувајки ги и така се додека не завршите со филувањето.
Овој фил е доволен за 8 кори. Последната кора не се филува, таа останува за да се прелее со глазурата.
Кога сте ги завршиле со филувањето, лесно налегнте ги корите за да се спојат, покријте со нешто што ке има тежина - оставете во фрижидерот до наредниот ден кога и ке го залеете колачот со глазурата.
Глазура
- Измешајте го шеќерот со лажичка прехрамбена боја која вие ја сакате, додадете малку лимонов сок и вода добро измешајте и треба да добиете една убава житка - неретка смеса, ставете ја врз колачот и со шпатула разнесете ја добро.
- Веќе готовиот колач ставете го малку да се просуши.
Забелешка
- Готовиот колач чувајте го во звоно или сад кој е со капак заради тоа што глазурата не ги покрива страните од колачот, краевите на колачот лесно се сушат и ке изгуби на свежината.
- Доколку сакате да ви биде чоколаден филот, тогаш во филот додадете 2 штангли чоколадо.
- За печење на корите има специјални плекчиња и бидејки ми наликуваат на дното од модлите кои се на одкопчување - јас ја исеков хартијата према дното од модлата бр.26 и врз истата од опачината ја ставив хартијата, го ставив тестото - го покрив со другата исечена хартија и преку хартијата со сукало ги расукував корите - така ми беше полесно.
- Има и куповни кори за Розен колачот, но кај нас никако ги нема и мора да си правиме домашни.
- Филот овде не е обавезен, можете да си направите фил кој вие го сакате, со пудинг, крем филот и т.н.
- Во овој фил можете да изрендате и портокал кој за да го лесно изрендате најпрвин замрзнете го.
- Колачот наместо со оваа глазура, можете да го покриете и со чоколадна глазура.
- Јас не ставив прехрамбена боја туку ставав од „Степ“ пакетчињата - од малина, мислам на оние од кои што се раствара сок и ставав толку додека оценив дека бојата е доволно јака, не ставив лимон бидејки тој прав во себе содржи лимонска киселина.
- Кој не сака лимон, може и без него.
- Како што кажав погоре - ова ми е ревијалнито настап со овој колач од пред повеќе време - само од него имав фотографии за да и покажам на пријателката како јас тоа успеав по нејзин рецепт, паќе видите дека глазурата баш и не ја погодив, што не значи дека сега веке ја правам пак исто.. не, усовршено веќе.