Тригони-перничиња
Состојки
- состојки
- 1 пакување танки готови кори од 500гр.
- 300гр. млеко или вода
- 130гр. масло
- 6-7 лајци брашно
- 1 коцка квасец
- 1 лајче сол,шеќер на врв на лајче
- за фил
- шунка по потреба
- сирење по потреба
Подготовка
За овие тригони битно е дека можат да се прават и во посна и во мрсна варијанта, зависно од потребите, во вид на ролатчиња, како мазничиња или било што ви падне на памет.
Од секоја кора се прави по една тригона, се остава кашата малку да поднадојди, се меша при секое згуснување, се прска кората со лајца се превиткува на пола, пак се прска, па уште на пола од тоа на едниот ќош се остава од филот и се виткаат во триаголничиња, ама се работи брзо да добиете поправилни форми,се реди над хартија во плех се премачкуваат масло и се печат на 200.
За посно можи со кисела салата од зелка рендана и исцедена, потоа рендан компир и кромид, можи и во блага варијанта си јаболка и многу други можности .