Едноставно спанаќ и тоа пржен
Состојки
- 500-600гр спанаќ
- околу 50мл маслиново масло
- по вкус сол, бибер,чили, лук во прав
- 1 лажица супена брашно
- 200мл вода
- за прилог
- по потреба кисело млеко или павлака
- малку кора од домат
- малку магдонос
Подготовка
Количината на спанаќ /500-600гр/ исчистете ја и измијте го зеленчукот.
Тавата за пржење загрејте ја со маслиновото масло, па листовите спанаќ искинете го со рака на крупни парчиња/зелената салата и спанаќот никогаш не ги дробам со нож-едноставно само ги кинам со рака на парчиња/директно во тавата испржете го додавајќи му ги зачините и солта. Кога ќе се омекне додајте го брашното и водата и уште малку пропржете го да се згусни. Попржете го уште малку и тргнете го од огнот.
Сервирајете го сам или со кисело млеко или павлака.