Сладок кус-кус со карамел пудинг
Состојки
- 1/ 2 чаша кус-кус
- 200 мл. вода
- 200 мл. млеко
- 200 гр. шеќер
- 1 прашок за пудниг од карамел
- 100 гр. бела чоколада
Подготовка
Водата се става да зоврие и потоа се става кус-кусот да се вари на тивок оган уште 10-15 минути. Во меѓувреме се вари и пудингот од карамел. Откако ќе се свари пудингот од карамел, се додава белата шоколада, да се растопи во пудингот. Во готовиот кус-кус би требало да нема вода, но доколку останало треба да се исцеди. Готовиот кус-кус и пудингот со белата чоколада се измешаат заедно и со лажиче се ставаат во силиконски калапи. Се оставаат извесно време во ладилник и после се вадат. Доколку сакате во составот на слаткиот кус-кус може да се додаде ореви или лешници!