Испечати

Јагнешко со лук и моркови

Јагнешко со лук и моркови

Состојки

  • 700гр. јагнешко месо
  • 10 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 100мл. црвено вино
  • 100мл. топла вода
  • по потреба масло, црн бибер, мешан сув зачин, сол
  • За премачкување
  • по потреба сенф

Подготовка

Јагнешкото месо исечете го на парчиња или може да користите цела плешка или бут.
Засечете го на повеќе места во длабочина во вид на мали џебови и во секоја вдлабнатина ставете чешне лук и парче морков.
Премачкајте го месото со поголема количина сенф, наросете црн бибер и мешан сув зачин.
Ставете го месото во тава за печење и попрскајте го со масло.
Ставете го и преостанатиот морков исечен на покрупни парчиња.
Посолете и додајте ги водата и виното.
Тавата затворете ја убаво со алуминиумска фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени.
Печете 45 минути, а потоа извадете ја фолијата и превртете го месото.
Продолжете со печење уште 15 минути без фолија.