Маџарица
Состојки
- 150 гр. шеќер во прав
- 150 мл. кисела павлака
- 125 гр. маргарин(на собна температура)+1 лажичка ванилин екстрат или рум
- 1 јајце
- 1 пециво
- 400-450 гр. брашно
- Фил
- 1500 мл. млеко
- 15 лажици шеќер
- 100 гр. темна чоколада
- 125 гр. маргарин
- 10 лажици брашно
- 5 лажици густин
- 2 лажички ванилин екстрат
- Глазура
- 100 мл. слатка павлака
- 100 гр. темна чоколада со повеќе проценти какао
- 150 гр чоколада
- 4 лажици масло
Подготовка
Во сад ставете го маргаринот, шеќерот, јајцето и ванилиниот екстрат. Пенасто изматете со миксер, ако користите обичен шеќер малку повеќе матете додека се стопи. Кога ќе биде изматено додајте го пецивото и додајте 350 гр. брашно месете ако треба додавајте уште. Секое брашно впива различно. Треба да замесите меко тесто што не се лепи, може и малку да лепи нема гајле, важно да биде меко. Тестото може да го оставите околу 30 тина минути во фрижидер, ама и не мора.
Тестото поделете го на 4 еднакви делови-кај мене беше 800 гр. на 4 по 200 гр.
Вклучете ја рерната на 250 степени и оставете да се загрее.
На хартија за печење во димензија на плехот 40х30 см. ставете го едниот дел од тестото односно 1/4 од тестото. Расплескајте го малку во вид на правоаголник, со сукало размесете низ целата површина-ќе добиете тенки кори.
Листот хартија префрлете го на опачината на плехот. Ставете да се пече на 200 степени околу 7 мин. Ако е бело, извадете го такво треба да биде. Кога го извадивте над него ставете хартија за печење и нешто тешко за да се исправи кората. Додека корите една по една се печат вие правете ги наредните.
Кога сите се готови уште млаки филувајте ги и покријте ги со хартија за печење и над нив ставете нешто рамно и тешко. Ставете преку ноќ во фрижидер за корите да омекнат и се стегне убаво. Другиот ден прелејте со глазура и оставете да се стегне.
Сечете 3х5 см штангли.
ФИЛ
Одделете 270 мл. од млекото, другото оставете го да се загрее на оган.
Во одделеното млеко растворете го брашното, густинот и шеќерот. Кога млекото зоврило сипете ја смесата и сварете густ крем. Уште во топло ставете го маргаринот, чоколадото, какаото и ванилиниот екстрат, изматете со миксер да се спои и соедини, немојте да го ставате во фрижидер туку на собна поладна температура.
Измиксајте го и разделете го во три еднакви садови.
Филот се прави пред корите-тој ќе биде малк додека ги направите корите,.
Глазура
Ставете ја слатката павлака да стаса до точка на вриење, за тоа време исечкајте ја чоколадата на ситни делчиња(кај мене искршена), прелејте ја со павлаката и оставете 2мин. Потоа мешајте со шпатула да се стопи,а потоа малку со жица. Треба подолго мешање.
Прелејте на кората и оставете да се здрви.
Кај мене глазурата беше погуста скоро како крем, јас ја мешав предлого бидејќи коцките (не многу ситни ни многу крупни) едвај ми се стопија, па на крај ја ставив малку на среден оган да олабави и пак мешав ц.ц.ц.ц
Значи ако ви биде погуста стоплете ја малку да стане течна.
Може да направите и едноставна глазура од тоа што ќе ја сотпите чоколадата и и додадете маслото и измешајте.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Маџарица слатка пита од Унгарија-Маџарска...
Мене ми излегоа 60 парчиња-дел може да замрзните....