Погача торта со спанаќ
Состојки
- 1 кг. брашно
- 2 жолчки
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажички сол
- 1/2 л. млеко
- 200 мл. зејтин
- 1 прашок за пециво
- 1 коцка свеж квасец
- Фил
- 500 гр. спанаќ
- 250 гр. сирење
- За премачкување
- 1 јајце
Подготовка
Спремете го најпрво филот.
Спанаќот обарете го и исечкајте го ситно. По желба можете да ставите и 1 лажица павлака во него. На страна издробете го сирењето.
Во малку млеко (околу 100 мл.) додате го шеќерот, малку брашно и растопете го квасецот. Оставете да стаса.
Во еден сад измешајте ги сувите состојки (брашно, сол, прашок за пециво). Додадете ги зејтинот, жолчките, стасаниот квасец и постепено додавајте го млекото. Измесете го убаво тестото и поделете го на пет дела. Веднаш, од секој дел исукајте округла кора со големина колку тавата (моето тавче беше бр.28 а може и во бр.30). Во подмачкана тава ставете ја првата кора, премачкајте со спанаќот и ставете од сирењето. Повторете го истото и со другите кори (втора кора па фил, трета кора па фил....завршете со петтата кора). Погачата веднаш исечете ја како торта на 12 парчиња, но не сечете до крај, туку оставете околу 2см. од средината (види слика). Покријте со крпа и оставете околу 1 саат да стаса убаво.
Премачкајте со јајце и посипете со сусам. Се пече на 180° околу 40 до 45 мин. Кога ќе е готова, оставете ја малку во тавата да се олади и потоа префрлете ја на тацна.
Послужете со јогурт или кисело млеко. Добар апетит!