Слатка плетенка-Козунак (не премесуван)
Состојки
- 2 јајца(на собна температура)
- 200 мл. топло млеко
- 150 гр. шеќер
- 150 мл. масло
- 1 квасец
- 2 лажички рендана кора од лимон
- брашно по потреба(околу 700 гр.)
- 100 гр. суво грозје
- 100 гр. сушено овошје (јас ставив тропско-микс)
- 1 јајце за премачкување
- сусам за посипување
Подготовка
Во млекото растворете го квасецот и оставете го да се запени. Заместе тесто од состојките. Тестото треба да биде меко и по малку лепливо. Затоа внимавајте да не го направите претврдо со додавање на брашно секое брашно впива различно.
Оставете го тестото во намастена вангла. Нека кисне на топло (јас го ставив надвор) околу 2 часа а може и повеќе. Тестата со шеќер побавно скиснуваат бидејќи шеќерот забива и го одовлекува процесот. Откако тестото скиснало одделете колку сакте парчиња односно колку сте испланирале. Тестото немојте да го размесувате какво е такво. Сплете плетенки или спирали.
Ставете ги во поголем плех со хартија за печење. Оставете пак на топло да кисни 1час. Последните 10 тина минути пуштете ја рерната да се загрее. Кога рерната е загреана премачкајте ги плетенките со разматено јајце (нема да ви треба цело јајце), посипете малку сусам и ставете да се пече на 200 степени додека добие кафена боја околу 45 мин.
Оставете го да се олади. Кога сечете немојте цел да го сечите ако не го користите веднаш туку постепено по потреба бидејќи брзо ќе ви се исуши.