Тортички со чоколадо
Состојки
- Кора
- 4 јајца
- 2 филџани за кафе (125мл) шеќер
- 2 филџани масло
- 1 филџаН топло млеко
- 8 лажици брашно
- 1 ванилин шеќер
- пола кесичка пециво
- Фил
- 200 милилитри вода
- 200 грама шеќер
- 1 чоколадо за готвење
Подготовка
За кората
Се матат јајцата со шеќерот додека не се стопи шеќерот, се додаваат другите состојки. Смесата ја истураме во плех подмачкан со маргарин.
Се пече на 200 степени 10 до 15 минути.
Оставаме малку да се излади потоа сечеме кругови со чаша.
Фил
Ги ставаме шеќерот и водата да зовријат. Откако ќе го тргнеме од оган го ставаме чоколадото да се стопи. Ги ставме и остатоците од сечената кора.
Кога ќе се изладат ставаме ореви или лешници, но и не мора.
Потоа ги филуваме круговите, ги правиме како сендвичи.
Се декорира со шлаг.