Сладолед од чоколада
Состојки
- 250 мл. млеко
- 250 мл. слатка павлака
- 6 жолчки
- 125 гр. шеќер
- 100 гр.(или повеќе) темно чоколадо
- 2 кесички ванилин шеќер или стапче ванила
Подготовка
Млекото, слатката павлака и ванилата ставете ги на среден оган да зовријат. Откако зоврило тргнете го и оставете 10 мин.
За тоа време пенасто изматете ги жолчките со шеќерот, потоа полека сипајте во млекото со слатка павлака. Вратете повторно на оган и загревајте на тивок оган околу 5-10 тина минути додека се појават меурчиња, со повремено мешање. За да проверите густината потргнете со лажицата ако се направи пат може да го тргнете од оган. Додајте ја чоколадата на коцки и мешајте додека се стопи. Оставете да се олади на собна темпреатура па префрлете во пластично кутивче со капак. Ставете го во замрзнувач околу 3 часа, а најдобро преку ноќ. Пред да го послужите оставете го малку да се отпушти.
Излегува околу 700-800 мл. сладолед. *_*