Техника за шарање јајца
Состојки
- 1 јајце
- комплетот восок и пишувалка за шарање и свеќа
- за потребата алкохолен оцет 9%
- многу љубов и стрпление
Подготовка
Само да умеев убаво да цртам... ама немам дарба за цртање, затоа шарата на јајцето таква каква што ми беше најлесно да ја направам, оскудно нацртано - но овде целта ми е техниката која се важи исклучиво за испразнети (издувани) јајца. Сега вака -
1. Ќе одберете јајце со најтемната боја
2. Направете на јајцето на две страни по еден мал отвор, со чачкалица или се о метално стапче за ражнич- со истото разматете ја содржината на јајцето за да може полесно да го издувате јајцето. Издувајте белката и жолчката, наполнете го со вода.. издувајте - значи внатре сте го измиле. Нека се подсуши јајцето.
2. Приборот за цртање по јајцето до вас свеќата запалете, загрејте ја пишувалката за цртање и топнувајте од восокот или ако имате оригинал пишувалка, тогаш во горниот отвор ставете од воскот и загревајте ја пишувалката, восокот ќе се топи, така да почнувате да цртате. Најпрвин со восокот затворете ги двата отвора на јајцето. Нацртајте ги контурите на шарата која сакате да ја имате...
3. Во чаша ставете оцет, пропуштете го јајцето - мора да биде облиено со оцет и нека постои 1 минута.. извадете го и веднаш со памучно крпче избиршете го. Ќе забележите дека темната кора на јајцето се брише. Избришете го целото јајце.
4. Вратете се повторно кај восокот и пишувалката, дополнувајте го сега цртежот кој сте започнале да го цртате. Повторете ја сега постапката ставајки го јајцето во оцетот, повторно избришете и повторно можете да цртате. Откако сте го довршиле цртежот, повторно јајцето во оцет и повторно нека постои малку, повторно избришете. Веќе сте нацртале целиот цртеж.
5. Е сега е на ред да се тргне восокот и да откриете што сте направиле.
Загрјете вода до вриење, поставете го јајцето на решетка, поливајте го со врелата вода, восокот се топи. Така ќе откриете што се тоа вие нацртавте... ќе се појават нијанси од најтемна до најсветла, зависно од тоа кој мотив го правите на него и колку постапки ви се потребни. Оцетот ја врши целата работа при добивањето на ефектот.
Избришете го јајцето, премачкајте со зејтин и вие сте готови. Потоа можете да го ставите на стапче за ражнич, да му врзите машничка.. да го направите навистина интересно.
Ваквиот начин на правење декортивни јајца е навистина предобар но се важи само за оние што имаат и лева и десна рака.. не како мене со две леви раце... е незнам да цртам, па дури и да прецртам. Знам со тие справички за да се направи навистина генијално јајце... но велам справички, мое е само да прскам по сварените јајца... а овде треба да си надарен за цртање.
Овој рецепт за креативните души - а нив ги има полно.
Уживајте во конечниот исход драги мои креативки и уметнички души...