Испечати

Компир манџа

Компир манџа

Состојки

  • 5-6 средни компири
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • неколку китки магданос
  • сол,вегета,бибер по вкус
  • 100 гр. колбаси или сланина
  • масло по потреба
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер

Подготовка

Компирите исечете ги на покрупни или како ви одговара парчиња. Ставете ги во тенџере со ладна вода и оставете ги да се варат.
Во меѓувреме додека да зоврие исечете ги зеленчуците и ставете ги. Може колбасите, лукот и кромидот претходно га ги пропржите. Ставете ги и нив да се варат и зачинете. Варете додека компирите се сварата и омекнат. По потреба додавајте топла вода.

Кога е готово направете запршка од масло, додајте го брашното и малку запржете да не изгори, додајте го црвениот пипер и измешајте ќе добиете густа смеса, во разлика од колкава густина сакате регулирајте ја количината на брашното со водата. Запршката ставете ја во компирот кој вари и варете уште 5-10 мин.Тргнете да се подолади и служете.
За посно, не ставајте колбаси, може да ставите соини трошки или риба. Ако готвите без масло запршката може да ја направите така што во чаша ќе изматите вода со брашното и пиперот. По желба може да додадете доматен сос.