Велигденско јагне и зајче
Состојки
- 4 јајца
- 150 гр шеќер
- 100 гр путер
- 100 гр нишесте
- 100 гр брашно
- 1 прашак за пециво
- рендана кора од пола лимон
Подготовка
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, потоа додајте го путерот и продолжете со матењето да се изедначат.
Брашното, нишестето и пецивото измешајте ги, додајте ги во смесата и измешајте ја со жица.
Истурете ја во два мали калапи од јагне и зајче претходно намачкани со путер и набрашнети.
Печете ги 25 мин на 180 степени во загреана рерна.
Оставете ги малку да оладат во калапот потоа извадете ги. Пред служење наросете ги со шеќер во прав или украсете ги по желба.
Доколку ги немате овие калапи колачот испечете го во обично помало плехче и пробајте го.