Испечати

Козињак плетенка

Козињак плетенка

Состојки

  • 1/2литри млако млеко
  • 4 јајца
  • 3 шољи (од 200мл) зејтин
  • 300грама шеќер
  • 2 и пол лажици сув квасец
  • 2 рендани кори од лимон
  • 150 грама суво грозје
  • 50 грама путер (несолен)
  • 6 лажици мармалада
  • 1 лажица природен ванилин шеќер
  • 1 жолцка за премачкување
  • 1 кг брашно

Подготовка

Се става квасецот во дел од млекото со малку шекер да стаса.
Се меси брашното со јајцата, млекото, зејтинот, кората од лимон, ванилин шеќер и квасецот убаво. Јас го месам со миксер 20тина минути.

Се остава да нарасне на топло. Убаво е два пати ако може да нарасне.
Се двои тестото на 12 дела. Се развлекува со прстите и се става сувото грозје одозгора, се витка и се спојуваат 4 ленти во плетенка. се става во подмачкан цетвртаст плех.

Се мачка со жолчка и се посипува со сецкани бадеми и крупен шеќер.
Се пече на умерена температура 160с.ц.