Испечати

Губана

Губана

Состојки

  • Тесто
  • 600 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 80 гр путер
  • 180-200мл топло млеко
  • 30 гр квасец
  • прстофат сол
  • рендана кора од половина лимон
  • рендана кора од половина портокал
  • Фил
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр мелени бадеми
  • 50 гр мелени лешници
  • 30 гр пиноли
  • 50 гр кандирани портокали
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр чоколада за готвење ситно исецкана
  • 2 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 3-4 лажици мармалад по желба
  • 50 мл домашна ракија од грозје или сливи

Подготовка

Италијански десерт кој потекнува од кујната на Фриулу В. Џулија. Се спрема за Велигденските и Божиќните празници или за поголеми прослави. Слична е на нашиот козињак која во составот - филот содржи ракија.
Се меси тестото.
Квасецот се раствора со малку млеко и брашно. Се остава да стаса.
Во сад се става брашното, шеќерот, јајцата, путерот кој претходно е стопен(да биде млак) кората од лимон и портокал, стасаниот квасец и со млекото се меси мазно не лепливо тесто. Се остава да кисни околу 2 часа. Во меѓувреме се подготвува филот.
Сувото грозје се става во ракијата да омекне.
Во сад се ставаат сите овошја, чоколадата, шеќерот и сувото грозје со ракијата. Се додаваат јајцата изматени со вилушка и се меша. Се додава и мармаладот и повторно се меша. Смесата треба да биде доволно мека( не многу) да може да се намачка на тестото.
Тестото размесете го и на набрашнета површина се прави кора- правоаголник околу 50х25, се нанесува филот и со влажен нож се рамни по целата кора.
Се витка во ролат и лесно се витка како полжав.Се става во намачкан калап (26) и се остава да стаса 1час.
Се мачка со разматено јајце и се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 мин - 1час.
Во текот на печењето може да е покриете со фолија за премногу да не потемни (како мојата).