Испечати

Ослич со зеленчук во рерна

Ослич со зеленчук во рерна

Состојки

  • 3 парчиња ослич
  • 600гр. шери домати
  • 1 тиквичка
  • 1 морков
  • 2 главици кромид
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 неполна рака ориз
  • 1 лажица сецкан свеж магдонос
  • по потреба масло, црн бибер, мешан сув зачин

Подготовка

Парчињата риба додека се уште смрзнати излупете ги и исечете ги на помали парчиња. Посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер.
Во тава за печење ставете ги доматите исечени на четвртинки, ренданите морков и тиквичка, кромидот исечен на прстени, сецканиот лук, магдоносот и оризот.
Зеленчукот зачинете го со црн бибер и мешан сув зачин и одозгора ставете ги парчињата риба. Попрскајте масло, налејте топла вода(околу 150-180мл.) и покријте ја тавата со алуминиумска фолија.
Печете на загреана рерна од 200 степени, 30 минути, потоа извадете ја фолијата и печете уште 5-10 минути.