Испечати

Јуфка со суви пиперки

Јуфка со суви пиперки

Состојки

  • 500гр домашна јуфка
  • 2 литри вода
  • 500мл млеко
  • 300гр сирење
  • 150гр маргарин
  • 1 лажица сол
  • сос
  • 20 суви пиперки
  • 1 китка млад кромид
  • 1 чаша (200мл) доматен сос
  • 1 филџан зејтин
  • 1 чаша (200мл) вода

Подготовка

Водата се става да зоврие со солта. Во зовриената вода се истура јуфката и се вари 15 минути. Од како водата ќе се впие се додава и млекото и целата јуфка се истура во тава за печење. Кон јуфката се додава маргаринот, сирењето издробено, се убаво се промешува и се става во рерна да се запече. Се пече околу 15 минути на 200степени

Сувите пиперки убаво се мијат и се двојат од дршките и семенките.
Младото кромидче се чисти и се сече на парчиња. Во загреана тава се става прво кромидот и се запржува околу 3 минути. Се додаваат сувите пиперки исечени на парчиња. Пиперките и кромидот се пржат мешајќи постојано. Од време на време се налева по малку од водата и доматното пире. Смесата се пржи додека испарат течностите,  а потоа се посолува и е спремна за јадење.
Овој сос често го користиме во постите,  а сега во прилог на печена јуфка.