Кифлички меки како душа
Состојки
- 1 кг. брашно
- 2 јајца
- 150 мл. зејтин
- 4 лажици шеќер
- 2 лажици сол
- 1 свеж квасец
- 1/2 л. млеко
- 250 гр. маргарин
- За премачкување на кифличките
- 1 јајце
Подготовка
Пред да започнете со подготовка на кифличките, погрижете се сите потребни состојки да бидат на собна температура.
Загрејте го малку млекото и ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да надојде.
Во еден длабок сад, просејте го брашното и додадете ги јајцата, зејтинот, шеќерот, солта и надојдениот квасец со млекото. Замесете убаво мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Ставете го во садот, покријте го со една крпа и оставете го на топло место убаво да нарасти.
На намастена површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора. Кората намачкајте ја убаво со маргарин. Сечете со нож (или најдобро со нож за пица) на 12 или 16 делови. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан прех. Оставете ги така во плехот повторно убаво да нараснат.
Во меѓувреме уклучете ја рерната на 180°Ц да се загрее. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. На секоја од нив ставете по едно мало парче маргарин.
Се печат околу 25 мин.
Ова е мојот омилен рецепт за кифлички. Навистина се многу меки, а и вкусни. По желба можете да ги полните со сирење, спанаќ, шунка....
Добар апетит!