Лесни и вкусни колачи без брашно
Состојки
- за кората
- 6 белки
- 180гр. шеќер
- 180гр. кокос
- за фил 1
- 6 жолчки
- 120гр. шеќер
- 180гр. маргарин
- 100гр. чоколадо
- за фил 2
- 70гр. маргарин
- 4 лајци еурокрем
- 3лајци кисела павлака
- и уште
- 200-300гр. бисквити
- 300мл. инстант кафе-течност
Подготовка
Со посебен ќеф ги спремам овие колачи, делумно зашто во нив има мој печат во состојките, а од друга страна пак се толку меки и кремасти ммм..
Еве како оди подготовката
Ги биеме белките за кората, кога малку забелат се додава постепено шеќерот, се исклучва миксерот и се става кокос, притоа мешајќи со дрвена или пластична лајца. Се сипа смесата над хартија за печење во правоаголно тавче бр.40 се печи на 180
за филот 1
Жолчките се бијат над вода која парее со шеќер во нив, смесата да е густа и леплива. Се додава во топло чоколадото да се истопи, па се лади. Кога сосема се излади се спојува со претходно биениот маргарин, убаво да се изедначи смесата.
За филот 2
Остатокот од маргарин коцка се бие, па се спојува со наведените состојки да се изедначи. Спремаме инстант кафето по вкус за јачина.
Над кората се премачкува прво филот 2, после во млако инстант кафе се мака секоја бисквита која се реди една до друга врз филот 2. Над нив оди филот бр.1 и најгоре декорација по желба