Испечати

Пченичен десерт

Пченичен десерт

Состојки

  • 300 гр пченица
  • 1 кг вода
  • 5-6 лажици шеќер
  • 200 гр ситно кршени бисквити
  • 200 гр ситно сецкани ореви
  • 1/2 лажиче морско оревче (може и прстофат зависи кој колку го обожува вкусот на зачините)
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1 паковка шлаг крем

Подготовка

Се чисти пченичката од камчиња ако има и се мие.
Се додава водата и се остава да зоврие околу 15 минути, па се трга од шпоретот и се остава поклопена со капак да нарастат зрнцата.
После дваесетина минути, пченката е готова таква каква што ни е потребна за подготовка на рецептот.
На страна во друг сад ги кршиме бисквитите и во нив ги додаваме мелените ореви или сецкани како сакате во ваша желба.
Јас ги ставив во сецкото, па испаднаа мешани повеќето поголемки парченца од орев.
Пченицата ја вадиме од тенџерето во кое сме ја вареле и ја мешаме со бисквитите и оревите.
Додаваме шеќер, цимет и морско оревче.
Промешуваме добро смесата да се соедини.
(Ако има водичка останато од пченичката ставете малку во смесата додека ја мешате)
Потоа се мати шлаг кремот или шлаг пена што имате тоа.
Се подготвува по начинот кој што го има на опаковката. Обично оди 1 паковка шлаг пена со 125 гр млеко.
Кога и тоа е готово, ја земаме чашата во која што ќе сервираме и ја попрскуваме со чоколаден прелив.
Додаваме од мешаната пченичка и декорираме со шлаг кремот.
Овој десерт е едноставен но вкусен.
На здравје