Овошен пудинг со јогурт
Состојки
- 1/2 литар млеко
- 1 прашок за пудинг од овошје (јагода, малина, шумско овошје, боровница...)
- околу 300 гр овошје (некое од горе наведените)
- 8 лажици шеќер
- 900 мл јогурт
Подготовка
1. Испасирајте го овошјето, но оставете и крупни парчиња.
2. Од прашокот за пудинг, млекото и шеќерот сварете пудинг.
3. Во пудингот измешајте го испасираното овошје-измешајте, па додадете го јогуртот и повторно убаво измешајте.
4. Сипете го во чаши или помали чинивчиња, оставете го да олади во фрижидер и уживајте!
Освен со вакво овошје, овој јогурт можи да го направите и со други овошја, како праска, јаболко, круша и т.н. на истиот начин, но тогаш ќе употребите пудунг од ванила. Секако, со овој вид на овошја успешно можи да се вметнат и мусли и житарки во овошниот јогурт, па можи и да го искористите како појадок.