Бронхи пралини
Состојки
- Смеса за полнење
- 50мл слатка павлака
- 10-12парчиња бронхи бонбони
- За премачкување на калапите или хартиените корпиња
- 200гр бело чоколадо
- 3-4 супени лажици масло
Подготовка
Овој рецепт одамана го гледам на интернет, но овој именден решив га го припремам. Еве да го сподлам и со вас..
На тивок оган се топат бронхи бонбоните-карамели со слаткатра павлака, притоа повремено мешајќи со дрвена лажица.
Кога смесата ќе се изедначи се трга од огнот и се остава да се лади, но повремено се меша за да не се створи коричка. Топлата смеса е ретка, но со самото ладење ќе се згусне.
Белото чокладо стопете го на пареа со маслото и премачкајте ги калапите за пралини, најмалку двапати, а може и три, во зависност од густината на чоколадото. Ако сакате да ги изработите пралините побрзо, после секое премачкување ставете ги во замрзнивачот околу 5-10 мин.
Полнете со изладената смеса околу 1/3 од калпчињата и повторно ставете ги во замрзнувачот на неколку минутки. Остатокот од празнината на калапите пополнете го со чоколадо и повторно некоја минутка во замрзнувач. Извадете ги од калапот и ставете ги во хартиени корпиња.
Уживајте за Велигденските празници.......
За многугодини да ни е празникот.....