Динер ролс
Состојки
- Стартер
- 250 мл. вода
- 50 гр. брашно
- Тесто
- 300 мл. топла вода
- 300 мл. топло млеко
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сув квасец или 1 свеж од 4о. гр
- 100 мл. масло
- 300 мл. стартер
- 1000 гр. + по потреба брашно
- За премачкување
- по потреба млеко
- сусам по желба
Подготовка
Стартер
Во тенџерче ставете ги брашното и водата, измешјате со жица да нема грутчиња. Загревајте на среден оган додека се згусти, со постојано мешање, да прави пат кога ќе повлечете низ смесата и брзо се затвара. Сместа покријте ја со прозирна фолија, за да не фати грутчиња и оставете да се олади на собна температура.
Тесто
Во проесееното брашното ставете ги сите состојки. Месете додека се соедни и ќе добиете меко лепливо тесто ама ако, така треба. Потоа извадете го на побрашнета површина тестото и месете да се добие не лепливо тесто. Оставете го на топло да надојде во намрсен сад премачкан со масло, покријте со крпа и оставете на топло 30 мин. Потоа извадете го од садот малку премесете и формирајте рамни топчиња во зависнот колку сакате да ви бидат по големина прилаготе и плехче. Редете ги во круглесто плехче. Редете ги едно до друго без многу да ги одалечувате. Оставете ги уште 10 мин. да нараснат, а потоа вклучете ја рерната на 200 степени оставете ги додека се загрее рерната. Кога веќе се загреала премачкајте ги со млеко и ставете ги да се печат на 200 степени 25-30 мин. и ако сакате поцрвени малку повеќе
Покријте ги со чиста крпа малку да подостинат. Служете ги со чаша млеко и џем.
Заради стартерот се премеки `како душа` и вкусни..... !! ‘_‘.