Свински коцки со крема од аспарагус и целер
Состојки
- 20 коцки свинско месо
- 50гр. суво грозје
- по потреба сусам, сол,црн бибер
- Крема
- 8 парчиња аспарагус
- 4 ливчиња целер
- 1/2 лажичка омекнат путер
- 2 лажици пармезан
- по потреба сол, црн бибер
Подготовка
Понекогаш свинските шницли ги приготвувам со сос од суви сливи или ги роловам со нив, но овојпат сакав да испробам и со суво грозје, а и кремата не е по некој рецепт, но бидејки сакам да експериментирам со вкусовите ја направив оваа комбинација со аспарагус и целер.
Подготовка
Свинските коцки посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер.
Оставете ги да отстојат 15-20 минути, за да се впие солта и биберот.
Секоја коцка со остар нож вертикално засечете ја формирајќи мал џеб во кој ке ставите по 2-3 зрна суво грозје.
Свалкајте ги коцките во сусам од сите страни и пржете ги на тивок оган.
Испржените коцки извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Крема
Аспарагусот и ливчињата целер ставете ги во зовриена вода да се обарат(7-8 минути).
Потоа префрлете ги во блендер. Додајте го путерот, пармезанот, малку сол и црн бибер.
Убаво изблендирајте и послужете ја со испржените свински коцки.