Превртена карамел торта со банани
Состојки
- Карамел
- 100 гр шеќер
- 75 гр путер
- Тесто
- 2 јајца
- 100 гр растопен путер
- 150 гр шеќер
- 80 мл млеко
- 200 гр брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 2-3 банани
Подготовка
1. Шеќерот се топи во тенџерче додека не стане карамел, внимавјте да не изгори. Се додава путерот. Се промешува и се излива во тавчето каде ќе се пече тортата (пречник 26, а може и 24, така ќе биде повисочка).
2. Бананите исечете ги на кругчиња со дебелина од околу 2 см и наредете ги во концентрични кругови врз карамелот.
3. Јајцата се мешаат со шеќерот со жица. Се додава растопениот путер и млекото, а потоа и просеаното брашно помешано со прашокот за печиво. Смесата се излива врз бананите и се рамни површината.
4. Се пече во загреана рерна на 180 степени. По 30 минути проверете со чепкалка дали е печена, па ако а сува чеклаката извадете ја тортата, а ако не е допечете ја уште малку.
5. Почекајте малку да се залади, па превртете ја тортата на чинија.
Ако користите калап за торти со подвижни страни можно е карамелот да ви тече од страните на почетокот од печењето.
Мојот карамел, за жал, малку е потемен од тоа што треба да биде. Инаку, го правев директно во тавчето за печење.