Испечати

Ориз топчиња со моцарела

Ориз топчиња со моцарела

Состојки

  • За смесата со ориз
  • 250 гр. ориз
  • 1 л. вода
  • 2 коцки за супа
  • 1 жолчка
  • 70 гр. пармезан
  • по желба магданос
  • 30 гр. путер
  • За полнење
  • 125 гр. моцарела
  • За панирање
  • 1 јајце
  • 1 белка
  • 2 лажици вода
  • 8 лажици презла
  • 3 лажици брашно

Подготовка

1. Најпрвин сварете супа со водата и двете коцки. Јас користев една со зеленчук и една пилешка коцка, по ваша желба можете да направите и друга комбинација.
2. Во тава на оган растопете го путерот и пржете го оризот неколку минути. Истурете ја врелата супа и варете на средна температура додека оризот не биде готов.
3. Оризот треба да ви биде скроз изладен за обликување, па ако сакате да скратите на време, истурете го врз фолија и убаво распоредете го.
4. Во сад настрана, ставете ја жолчката, магданосот, изренданиот пармезан и изладениот ориз. Дотерајте го вкусот по желба за црн бибер и сол.
5. Со намрсени раце земете од смесата ( од прилика би требало да биде една голема лажица ама големината е по желба ) и распоредете го оризот на раката како за класична плескавица. Внатре ставете парче моцарела и формирајте топче. Постапката повторете ја се додека имате смеса.
6. Кога ќе ви бидат сите топчиња направени, панирајте ги по класичен начин - брашно, јајца, презла.
7. Во подлабоко ( а малечко тенџере ) ставете поголема количина на масло и убаво загрејте го. Пред да почнете да пржите, намалете ја температурата. Кај мене се загреваше на 6-ка, а пржев на 4-ка.
Пржете ги по една минута од двете страни, нема потреба од долго пржење, доволно да се растопи моцарелата.

Забелешка

Смесата е леплива, па ќе треба убаво да ви се намастени рацете за да не ви се распаѓа оризот.
Кога ќе ги пржите, превртувајте ги само по еднаш за да не ви испукаат и да ви се растече моцарелата.
Од оваа смеса мене ми излегоа 12 топчиња. Можете и помали, па ќе добиете и 16. Во тој случај само додадете плус презла и брашно за панирање.

Гарнирајте по ваш вкус. Одлично одат и само со салата.