Испечати

Велигденски козињак со махлеб

Велигденски козињак со махлеб

Состојки

  • За тесто
  • 1 кг. брашно (и уште малку)
  • 5 јајца
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 250 мл. млеко
  • 250 гр. шеќер
  • 200 мл. масло
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1/2 кесичка махлеп (мелен) - доколку имате, не е задолжително
  • За фил
  • По желба- мармалад од сливи, џем од јагоди, слатко од зрели смокви
  • За премачкување
  • 1 жолчка

Подготовка

Време е да се почне со подготовките за Велигден. Како мој прилог е овој прекрасен рецепт кој го добив од свекрвата на сестра ми, тетка Кате. Огромно благодарам. Секоја година го подготвувам за моето семејство и за моите пријатели и соседи и сите се воодушевени од прекрасната арома.

Но да почнеме со подготвка
Се загрева малку млекото, се додава и убаво се меша шеќерот, а потоа се убаво се раствора квасецот.
Јајцата се матат со миксер. Се додава 100 мл. масло и смесата со млекото и квасецот. Потоа постепено се додава брашно и се почнува со месење. При крајот на месењето се додава ренданата кора од лимон, махлепот, ванилиниот шеќер и солта и се домесува со додавање на преостанатото масло. Внимавајте тестото да остане меко.

Пред да се остави да кисне, се удира околу 45 пати од работната површина.
Се сместува во набрашнет, поголем длабок сад-вангла, се покрива со крпа и се остава на топло најмалку 3 часа. Најдобро е да се замеси навечер и да се остави во замлачена рерна (вклучувате неколку минути на 50 степени) цела ноќ.

Работната површина се набрашнува. Се откинува поголемо парче тесто и се расукува до 1 см. дебелина.
Можете да исечете 3 ленти, да ги филувате по должина, да ги завиткате и да направите плетенка.
Можете да го завиткате во ролат, или да формирате кифлички.

Плетенката може да се завитка во круг и да се смести во средно високо тенџере обложено со хартија за печење (како на фотографиите).
Се остава да кисне најмалку 1 час. Се премачкува со смеса од жолчка, масло и млеко и се пече во загреана рерна на 175-180 степени половина час.
Се надевам дека ќе остане некое парче за Велигденскиот ручек.