Испечати

Пченкарен леб

Пченкарен леб

Состојки

  • 600 гр пченкарно брашно
  • 400 мл топла вода
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер

Подготовка

Квасецот растворете го со 5 лажици топла вода, 1 лажиче шеќер, 4 лажички пченкарно брашно и оставете го да скисне 30 мин.
Во поголем сад ставете го пченкарното брашно, солта, стасаниот квасец и со водата замесите не лепливо тесто. Намачкајте го со малку масло, покријте го со најлонска фолија, чаршав и завиткајте го со мало ќебенце. Оставете го да кисне 2 1/2 - 3 часа. Потоа размесете го и направете мала погачка, ставете ја во набрашнето плехче и оставете го да стаса 45-50 мин на топло (плехчето ставете го над тенџерче со топла вода).
Печете го во претходно загреана рерна на 200 степени 45 мин.
Лебот го направив по упатсвото од паковката на брашното.