Овошно суфле
Состојки
- 1 паковка 100гр урми
- 1 паковка 100гр суво грозје
- 1 паковка 100гр суви смокви
- 1 паковка 100гр мешавина од суво тропско овошје
- 1 ванила
- 4 јајца
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици брашно
- 1/2 лажиче цимет
- 1 пециво
- 15 лажици млеко
- 15 лажици зејтин
Подготовка
За подготовка на овој колач е потребно да се исецкаат сувите овошки.
На страна ги матиме јајцата со шеќерот додека не направиме густа смеса.
Потоа ги додаваме млекото, зејтинот и повторно ја изедначуваме смесата .
Следното што го додаваме е ванилата, пецивото, брашното и циметот.
Откако смесата е изедначена ги додаваме сувите овошки и ренданата кора од лимон.
Тавата ја подмачкуваме со маргарин и ја истураме смесата рамномерно. Рерната претходно ја загреваме на 220 степени.
Печеме околу 30 минути и откако ќе биде заруменет колачот, се вади од рерна.
Истинат се сече на парченца и се полева со маџун (гроздов мед).
Брзо и убаво колаче за оние кои ги обожуваат сувите овошки.
Во рецептата стоеше дека е можно сецкана чоколада да се стави, но јас мислев дека премногу ќе го заблажам, па не ја додадов.
Ваша желба е да додадете сецкана чоколада по вкус.
Кај мене рерната е многу јака, па малку повеќе потемне колачот на површината, но за среќа не го промени вкусот.
Пробајте и кажете.
На здравје