Испечати

Видео рецепт: Штангли со чоколадо и карамел

Видео рецепт: Штангли со чоколадо и карамел

Штангли со чоколадо и карамел (или Бисквити за милионери) се богати коцки од бисквит со путер, слоеви карамел и топено чоколадо. Не се едноставни за подготовка, но вреди да се потрудите!

Состојки

За Бисквитот ќе ви треба:

  • 150 грама путер
  • 75 грама шеќер
  • 225 грама брашно

За Карамел ќе ви треба:

  • 150 грама путер
  • 150 грама шеќер
  • 150 милилитри млеко

За Преливот ќе ви треба:

  • 200 грама темно или млечно чоколадо

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Средно
Лица: 6
Време на подготовка: 30-60 мин

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола, Сад за сос и Правоаголна тава.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на бисквитот, ги матиме шеќерот и путерот заедно на најголема брзина додека да добиеме кремаста смеса, па го додаваме брашното. Смесата ја ставаме во Делимано силиконскиот калап, ја израмнуваме и ја ставаме да се пече 30 минути на 180 степени.

Чекор 2: За да го подготвите карамелот, во Садот за сос ставете ги млекото, шеќерот и путерот и оставете ги да вријат 20 минути повремено промешувајќи, за да ја контролирате густината. Смесата ќе стане светло кафена и густа. Подобар карамел ќе добиете ако употребите кондензирано млеко.

Чекор 3: За подготовка на чоколадниот слој, истопете го чоколадото во сад на пареа додека омекне, за да може да го премачкате врз карамелот.

Чекор 4: Извадете го бисквитот од рерната , истурете го одозгора карамелот и почекајте да се олади и да се стврдне.

Чекор 5: На крај, прелијте го со стопеното чоколадо и оставете го колачот во фрижидер 1-2 часа, но не чекајте премногу долго бидејќи чоколадото ќе побели.

Сечете на коцки и послужете ги – сите ќе бидат воодушевени.

СОВЕТ: Овој рецепт може да го менувате со тоа што ќе додадете сушено овошје или јатки во бисквитот, или пак бело чоколадо во преливот. Може да го споменеме и солениот карамел како најнов тренд во готвењето.