Испечати

Видео рецепт: Капучино Целувка

Видео рецепт: Капучино Целувка

Што мислите за голема мека Целувка зачинета со кафе, декорирана со шлаг и какао во прав. Има вкус на Капучино. Изгледа како Капучино. Но, ќе ви откриеме една тајна. Не е Капучино.

Состојки

  • 4 белки од јајца
  • 175 грама шеќер
  • 1 супена лажица мелено кафе
  • 200 милилитри шлаг
  • Какао во прав за декорација

Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Средно
Лица: 4
Време на подготовка: 1-2 часа

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица.

Подготовка

Чекор 1: Одделете ги белките од жолчките и матете ги додека да се згуснат и кога ќе бидете сигурни дека нема течност на дното од садот. Додадете го шеќерот во белките и повторно матете на најголема брзина за шеќерот убаво да се измеша.

На крај додадете една лажица квалитетно мелено кафе за еспресо и промешајте со лажица. Не грижете се доколку добиете ефект на мермер бидејќи навистина изгледа интересно.

Чекор 2: Во тавата ставете хартија за печење и врз неа ставете ја смесата. Печете 1 час на 140 степени. За полесно да ја одвоите Целувката од хартијата, премачкајте малку вода на дното на хартијата и таа лесно ќе се одлепи.

Чекор 3: Матете го шлагот додека да се згусне и, откако ќе го изладите, истурете го врз целувката, одозгора наросете какао во прав. Капучиното за јадење е готово!

СОВЕТ: Подготовката на Целувки е многу едноставен, но истовремено и сложен процес – сѐ ќе биде во ред доколку детално ги следите упатствата и користите сув сад за матење. Доколку имате непредвидлива рерна ќе добиете и непредвидлив резултат!