Видео рецепт: Свински Кременадли во маринада од Сос од соја
Азиската кујна често е премногу зачинета, но е истовремено и здрава, па затоа доколку вметнете повеќе тајландски и кинески рецепти во вашата исхрана може да го забрзате губењето вишокот килограми без да правите компромис со ДОБРАТА ХРАНА!
Состојки
- 2 свински кременадли
- 4 супени лажици Сос од соја
- Сок од 1 зелен лимон
- 1 големо парче свеж ѓумбир
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер и маслиново масло
- Послужете со пржен зеленчук
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 1-2 часа
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава и Вок тава.
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на маринадата излупете го и ситно исечкајте го ѓумбирот. Зачинете ги кременадлите и помешајте ги со ѓумбирот, сокот од зелениот лимон и сосот од соја. Сосот од соја е природно солен, па затоа не додавајте многу сол.
Чекор 2: Покријте ги и оставете ги во фрижидер да отстојат 2-3 часа. Киселината од лимонот ќе навлезе во месото.
Чекор 3: Загрејте ја Грил тавата и печете ги кременадлите од двете страни додека да добијат златна боја. Испечете ги и парчињата лимон и ѓумбир за комбинација на вкусовите.
Чекор 4: Кратко пропржете зеленчук во Вок тавата и оброкот е подготвен за служење.
Чекор 5: Најдолу ставете го пржениот зеленчук. Направете простор во средината и ставете го месото со парчињата лимон и ѓумбир. Одозгора прелијте со остатокот од сосот!
СОВЕТ: Свежиот ѓумбир е многу корисен за здравјето вклучувајќи ги и теориите дека го намалуваат ризикот од рак. Користете го во чај и вклучете го ѓумбирот во секојдневната исхрана. Тој, исто така, се користи и замрзнат.