Урмашици со кокос
Состојки
- Шербет
- 500 гр. шеќер
- 800 мл. вода
- 1/2 лимонов сок
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- Тесто
- 1 и 1/2 мала чаша (од 70-80 мл.) шеќер
- 3 чашки масло
- 2 јајца
- 2 лажички кисела павлака
- 1/4 лажичка сол
- 150 гр. кокос
- 1 пециво
- по потреба (500-600 гр.) брашно
Подготовка
Најпрво се приготвува шербетот.
Во тенџере се ставаат сосотојките и се вари на среден оган. Откако ќе зоврие уште 15мин.Се остава да се излади.
Тесто
Во сад изматете ги јајцата со шеќерот-шеќерот да се растопи. Додајте ги течните состојки и уште малку матете да се соедини. Додајте ги сувите сосотојки-брашно по потреба да се замеси меко тесто што не се лепи за рацете.
Од тесто кинете парчиња колкави скате да бидат. Направете ги во форма на круг или како тие на сликата.
Ако сакате може и да ги притискате на рендето.
Може да одделите малку од тестото и во него да ставите какако и да правите мали топченца,кој ќе ги ставате внатре во тестото. Го земате белото го развлекувате малку на раката, го ставате кафеното и го виткате и го оформувате.
Постапката повторете ја додека имате материјал.
Колачите ставајте ги на намрсен голем плех, редете ги малку оддлаечени бидејќи при печењето нараснуваат малку. Печете на 200 степени 20-25 мин. додека заруменат повеќе или помалку зависи какви ги сакате.
Уште топли прелијте ги со ладниот шербет. Наместо да ги прелевате може да ги потопувате во шербетот. Може да ги валкате во кокос или ореви по желба. Најдобро да ги оставите 1 ден преку ноќ за да може да се впие шербетот.