Пржено макало со тиквичка
Состојки
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 тиквичка
- 5-6 чешниња лук
- 250мл. салса од домати или доматно пире
- 1 лажица сецкан магдонос
- по потреба маслиново масло, цол, црн бибер
Подготовка
Правејки генералка на фрижидерот од состојките што ги имав ми дојде на идеја да си направам еден вид на макало што многу го бендисавме.
Во тава на оган ставете маслиново масло, додајте го ситно сецканиот кромид и ситно изренданиот морков.
Пржете додека кромидот малку омекне и додајте ја изренданата тиквичка.
Откако убаво омекнал зеленчукот во тавата додајте го доматното пире, сецканиот лук и магдоносот.
Посолете, наросете црн бибер и оставете 5 минути на тивок оган да прокрчка.
Макалаото може да го послужите и топло и ладно со топло лебче или во мојот случај домашно приготвени тортиљи.