Испечати

Видео рецепт: Салата од Блискиот Исток (Посно)

Видео рецепт: Салата од Блискиот Исток (Посно)

Навистина постои многу простор за креативност при подготовката на салатите и има многу малку правила за тоа што е, а што не е во ред. Oваа салата потекнува од традиционалните рецепти од Израел и неговата околина. Таа е здрава, вкусна и хранлива, полна со убави состојки кои ќе ви го разубават денот.

Состојки

  • 200 гр. сварен басмати ориз
  • 150 гр. хељда
  • кора и сок од 1 лимон
  • 1 шолја бадеми
  • 2 млади лукчиња
  • 100 гр. спанаќ
  • 3 чешниња лук

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло

Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано тава за пржење и Лонец.

Подготовка

Чекор 1: Ова е навистина лесен рецепт, но бара познавање на различни техники на готвење, па затоа внимавајте! Ја оставаме хељдата цела ноќ да отстои во вода и потоа ја сушиме и ја потпекуваме во голема тава за пржење без масло. Печеме околу 5 минути на средно ниво. Повремено промешуваме.

Чекор 2: Исечкајте ги бадемите и додадете ги во истата тава за пржење. Потпечете ги додека да добијат златна боја и да станат крцкави. Лесно можете да процените кога се готови според нивниот мирис.

Чекор 3: Варете го басмати оризот во солена вода 12 минути. Во овој рецепт не е важно дали оризот е доволно зготвен бидејќи тоа ѝ дава посебен вкус на салатата.

Чекор 4: Го миеме и го сечкаме спанаќот – ова е всушност подлогата на нашата салата.

Чекор 5: Излупете го лимонот и кората ситно исечкајте ја. Младите лукчиња исечете ги на тенки ленти.

Потоа ги сечкаме чешнињата лук и ги пржиме во маслиново масло додека не станат крцкави. Во нив го додаваме сокот од лимонот за да направиме вкусен сос.

Чекор 6: СЕРВИРАЈТЕ на чинија, најпрво спанаќот, врз него оризот и хељдата и лесно промешајте. Додадете ги бадемите, кората од лимон и младите лукчиња и прелијте со сосот од лук и лимон.

СОВЕТ: Оваа салата е доволна да замени еден оброк, но летно време е идеална во комбинација со месо на скара. Слободно додадете наут , лути пиперки, па дури и сушено овошје.