Рум-какао колачи
Состојки
- 250гр млени бисквити
- 125гр маргарин
- 50гр какао во прав
- 250гр шеќер во прав
- 1филџан млеко
- 2лажици рум или неколку капки екстракт од рум
- 100гр чоколада за готвење
Подготовка
Млекото се загрева со маргаринот и со шеќерот. Се трга настрана и додека е млако се додава румот.
Потоа се додаваат бисквитите, какаото и се меси убава смеса. Ако смесата е посува слободно може да се додаде уште неколку лажици млеко.
Се формираат колачи по желба-може со различни модли, калапи.
Колачитесе едноставни и вкусни. Декорацијата исто така по своја замисла.