Испечати

Колач со јаболка и крокант

Колач со јаболка и крокант

Состојки

  • Крокант
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. лешници, бадеми или ореви
  • Крем
  • 500 мл. ладно млеко+ 1 мало лажиче ванилин екстрат
  • 6 лажици шеќер
  • 1 пудинг од ванила или 5 лажици нишесте
  • Тесто
  • 250 мл. топло млеко
  • 100 мл. стопен и оладен маргарин
  • 150 гр. шеќер+1 мала лажичка сол
  • 1 сув квасец
  • 1 мала лажичка ванилин екстрат
  • 600-700 гр. брашно
  • 6-7 јаболка

Подготовка

Најпрво направете го крокантот.

Во суво тавче растопете го шеќерот да се направи карамел. Откако се направил, тргнете го и додајте ги лешниците, оревите или бадемите-јас ставив лешници. Смесата убаво и брзо измешајте ја. Смесата ставете ја на алуминиумска фолија премачкана со малку масло и оставете да се излади. Кога се изладило исечете го на ситно со остар нож, потоа ставете го во аван и толчете да се иситни. Со вилушка малку промешувајте за да биде насекаде истолчено.Оставете настрана.

Тесто.
Во сад ставете ги сите состојки освен брашното, измешајте со вилушка малку, а потоа додавајте малку по малку од брашното и мешајте со дрвена лажица. Кога ќе почне да се насобира на лажицата извадете ја лажицата и додајте уште брашно колку што мислите дека ќе биде доволно. Месете со рака додека добиете меко тесто што не се лепи за раце. Оставете го настрана и подгответе го кремот.

Крем
Одделете малку од млекото, а другото ставете го да се згрее.Во одделеното млеко ставете го пудингот (или нишестето ) и шеќерот, мешајте со лажица-шеќерот да се растопи. Кога млекото почнало да се поткрева додајте ја растворената смеса и со лажица постојано мешајте додека да згусти. Оставете го настрана (не во фрижидер) малку да се олади-да биде млако.
Излупете ги јаболката, ако сакте и не ги лупете. Исечете ги на кришки ама не многу дебели, а и не многу слаби и оставете ги настрана.

Редење
Од тестото развлечете кора со димензија 40х20 см. кората ставете ја во правоаголен намрсен плех 40х20. Над кората ставете го млакиот крем и убаво размачкајте го,над кремот со ред наредете ги јаболката.Над јаболката посипете од истолчениот крокант.
Уклучете ја рерната на 200 степени да се загрее, плехот ставете го над шпоретот. Да одстои 15 мин. Плехот ставете да се пече на 220 степени 35-40 мин. додека по рабовите (малку рабовите од тесто подигнете ги нагоре кај плехот). Извадете го и оставете да се излади. Сечете парчиња по желба.

Немој да посипувате со прав шеќер бидејќи ќе се стопи. По желба можете да посипите на јаболката.