Испечати

Пржени копани со супа

Пржени копани со супа

Состојки

  • 1 кг. пилешки копани
  • по вкус сол, бибер, мешан зачин, ловоров лист (или зачини по желба)
  • 1/2 коцка пилешка супа
  • масло за пржење по потреба

Подготовка

Копаните посолете ги и побиберете ги од сите страни и тријте ги и оставете ги 20 тина минути во фрижидер за поубаво да ја впијат солта.
Во тавче ставете масло, оставете да се загрее. Кога е загреано ставете ги копаните.Пржете ги 20-25 мин. привремено превртувајќи ги од една на друга страна, додека поруменат.
Налејте 150 мл. вода и раздробете ја супата. Покријте со капак и оставете да крчка 10 тина минути. Служете со сосот кој останал во тавата.
Служете веднаш бидејќи кога ќе го оставите во тавата од мрснотијата и водата ќе се направи желе.