Испечати

Брзи посни бомбици (без масло)

Брзи посни бомбици (без масло)

Состојки

  • 4 помали јаболки (околу 300гр.)
  • 200гр. суви смокви
  • 200гр. мелени ореви
  • 2 ванили
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажиче цимет

Подготовка

Уште 10тина дена до Велигден, па во пресрет на последната недела од постот еве еден брз десерт.
1. Јаболките се лупат и рендаат на покрупната страна од рендето, се додаваат 2 лажици шеќер, ванилата, циметот и се промешува. (Јаболчињата што ги купив беа помали, па исчистени од лушпата и средината отрпилика беа околу 300гр.)
2. Смоквите се мелат на машина за мелење и потоа се ставаат во тенџере на оган. Се додаваат веднаш и јаболките и убаво се меша на тивко. Смесата не треба да зоврие или долго да се готви, туку само малку да се загрее за да се опуштат смоквите и со помош на течноста од јаболките убаво да се соедини. Потоа се трга на страна.
3. Во така подготвената смеса се додаваат мелените ореви. Тука да напоменам дека тие 200гр. ореви ми беа доволни и за во бомбиците и за валкање, значи количината на ореви може да варира во зависност од јаболките (ќе си одредите од око).
4. Се меша убаво за да се соедини, потоа обликувате бомбици и ги валкате во оревите.
Од наведените состојки ми излегоа 32 бомбици.

Добар апетит.