Традиционални кифлички
Состојки
- 1кг брашно
- 500мл млеко
- 2 коцки свеж квасец
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 150мл зејтин
- 2 јајца
- 1 јајце за премачкување
- 200гр маргарин
Подготовка
Квасецот се става со шеќерот и 250 мл млако млеко да стасува.
Одкако ќе стаса се замесува тесто .
Во подлабок сад се истура просеаното брашно, јајцата, солта, стасаниот квасец и постепено додека се меси се додава зејтинот. Се меси додека се добие убаво мазно тесто и се остава да стаса околу 40 минути.
Одкако ќе стаса тестото се истура на масата и се дели на три дела. Секој дел се сука во кора и се премачкува со маргарин, па се собира и се остава да одседи.
Секоја кора се сука и се сече на триаголници кои се завиткуваат како кифлички и се редат во подмачкан плех. Така стасуваат околу 20 минути, па се премачкуваат со јајце изматено со малку зејтин-1 лажица. Кифличките може да се посипат со сусам, лен, а и не мора.Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.