Круши со чоколадо во микро
Состојки
- 2 круши
- 1 портокал
- 2-3 каранфилчиња
- 25 гр чоколадо
- 2-3 лажици масло за јадење
Подготовка
Ова е еден неверојатно брз и вкусен десерт.
1. Крушите излупете ги, но оставете им ги дршките. Ставете ги во стаклен сад, доволно длабок за целите да бидат во него. Садот кој ќе го користите треба да биде погоден за во микро печка.
2. Од портокалот исечете две кругчиња кои ќе ги искористите за декорација, а остатокот исцедете го врз крушите во садот. Тука ставете ги и каранфилчињата.
3. Садот со крушите покријте го со проѕирна, растеглива, пластична фолија која ќе ја избоцкате со ножот на 5-6 места. Ставете го садот во микро печката на најсилно 8-10 минути. Моите беа готови за 8 минути на 850 вати.
4. Готовите круши ставете ги врз кругчињата портокал.
5. Прелијте ги со чоколадото, растопено и помешано со маслото за јадење.
Сокот од портокал кој ќе остане искористете го за декорирање, или едноставно испијте го. Многу е вкусен.