Испечати

Мусака со макарони

Мусака со макарони

Состојки

  • 250 гр. месо мелено
  • 350 гр. тестенина-макарони
  • 60 гр.(8лажици) маст или масло
  • 3 дл. млеко
  • 2-3 бр. јајца (во зависнот од големината)
  • 80 гр.(2 главици) кромид
  • 1 лажица с. ситно сецкан магданос
  • 1 лажица мешан зачин
  • по вкус бибер мелен и Сол

Подготовка

1. Подготовка на тестенината (макарони)
Во погоден сад ставете посолена вода и во неа варете ги макароните околу 5-10 минути, тргнете ги од шпоретот и оставете ги да постојат 10-15 минути да набубрат.
Процедете ги макароните и исплакнете ги со ладна вода, за да останат растресити.
2. Подготовка на меленото месо
Додека макароните бубрат, подгответе го месеото. Во заграна маст или масло пропржете го ситно исецканиот кромид, да благо порумени, додадете го меленото месо и пржете додека да ја промени бојата, додадете сол, мешан зачин и додадете малку топла вода и продолжете со динстање додека месото да омекне и водата да испари (околу 10-15 мин.). Тргнете од оган и додадете го исецканиот магданос и мелен бибер, измешајте.
3. Подготовка на млекото и јајцата
Јајцата изматете ги и додадете го млекото и по желба посолете, додадете зачин и бибер.
4. Подготовка во садот за печење и печење
Во подмачкано тепсијче, распоредете 1/2 макарони, по потреба посолете ги, врз макароните распоредете ја смесата од месото и врз месото распоредете ја и другата половина макарони.  Вака подготвеното тавче, ставете го во загреана релна на 200-250 степени и макароните добро да се загреат (околу 10-15 мин.).
Откако ќе се загреат, извадете ги од релната и рамномерно со подготвената смеса од млеко и јаца залијте ги макароните и продолжете со печењето уште околу 20-25 мин, додека да се добие златно-жолта боја.
5. Напомена
Покрај класичниот облик на макарони, може да се користат и други форми на макарони, дробени шпагети и други тестенини.