Телешки шницли во сос од краставици
Состојки
- 4 телешки шницли
- од око сенф
- на вкус мешан сув зачни
- 2-3 свежи краставици средна големина
- 2 лажици брашно
- 250 гр. кисела павлака
- на вкус сол, црн мелен пипер
- колку што е потребно вода
Подготовка
Колку и да ви звучи необично, токму така, сос со свежи краставици. Одличен е.
1. Шницлите се чукаат и премачкуваат од едната страна со сенф, а од другата страна со мешан сув зачин, се оставаат да одстојат 1-2 часа.
2. Се пржат на зејтин на не многу јак оган додека се вцрват. Се вадат од тавата.
3. Во истиот зејтин ставете да ги пржите на мали коцки исечените краставици и тоа околу 30 мин. на сосема тивок оган - треба да омекнат.
4. Се додава 2 лажици брашно и заедно со краставиците се пржи околу 5 мин. за цело време бркајки ги.
5. Се полева оваа смеса со ладна вода до ниво над смесата. Кога ке се загрее водата, се вракаат шницлите назад во тавката, се поклопува и на тивок оган се динста околу 30 мин. Сосема на крајот се додава павлаката, се пржи сето заедно на исклучена рингла.
Дотерајте на вкус со сол и бибер.
Може вака засебно да се сервира или и со прилог од рестован компир, рижото....ваш изборот.