Испечати

Дијанин декоративен ролат

Дијанин декоративен ролат

Состојки

  • За декорацијата
  • 1 белка
  • 20 гр. какао
  • 20 гр. брашно
  • 30 гр. шеќер
  • 30 гр. маргарин
  • За пандишпан
  • 4 јајца
  • 120 гр. шеќер
  • 120 гр. брашно
  • прстовет сол
  • За крем
  • 400 мл. млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пудинг бурбон ванила
  • 1 жолчка
  • 120 гр. маргарин

Подготовка

Јас и Клара со декоративните ролати.. )))
Се мислев дали да го напишам рецептот или не, но бидејки се разликуваат рецептите во состојките, не битно, но сепак се разликуваат, одлучив да го споделам рецептот и јас, а за него единствен виновник е Диана од Макарска која не себично ги дели рецептите и не се противи да ве запознаам со нејзините рецепти овде поставувајки ги јас во моја изведба.. Дијана - Благодарам!
Еве ја немногу различната приказна за овој ролат, значи вака

ДЕКОРАЦИЈА
- Изматете ги сите состојки заедно да добиете компактна смеса, наполнете ја врекичката од шприцот или нај едноставно обична најлон кеса на која врвот ќе го одсечете толку широко колку што сакате контурите да ви бидат тенки или широки.
- Приремете ја хартијата за печење за плекче со димензии 25х38 см. , нацртајте ги шарите кои сакате да ги имате на пандишпанот, поставете го во плекчето. Со смесата за декорацијата поминете врз цртите кои сте ги нацртале. Ставете го плекчето во фрижидерот нека стои додека матите смесата за пандишпанот.

ПАНДИШПАН
Најрпво вклучете ја рерната на 170 степени.
- Одвојте ги белките од жолчките.
- Изматете ги белките во цврст снег.
- Со прстовет сол и шеќерот изматете ги жолчките, додајте го брашното и измешајте. Со лажица додадете ја белката кај оваа смеса и измешајте да се спојат - но не го користите сега миксерот, туку со лажицата работите.
- Извадете го плекчето од фрижидерот и врз него внимателно излијте ја смесата од жолчката.
- Ставете да се пече околу 15 мин. Печениот топол пандишпан веднаш одвојте го од хартијата и во самата хартија повторно замотајте го во ролат. Оставете да се лади.

КРЕМ
- Ставете да варете 300 мл. млеко со шеќерот, а во остатокот од млекото изматете ја жолчката и пудингот, додајте во млекото и варете. Изматете го маргаринот и спојте го со оладениот пудинг.
- Одмотајте го пандишпанот, филувајте - повторно замотајте и бидете стрпливи барем 2-3 часа нека се стегни - што велиме да одлежи малку.

Забелешка
- Не мора да цртате по хартијата за печење, слободно можете со смесата за декорација да шарате онака како што сакате и имате своја замисла.
- Смесата за декорацијата доколку сакате да не биде со какао туку во некоја боја и добиете весел шарен пандишпан, тогаш заменете го какаото со брашно- значи 40 гр. брашно..останатото е исто, па додајте од боите кои вие ги сакате - нормално дека треба да ја поделите смесата на толку дела колку што сакате бои и количината која ви е потребна за тоа...сакате јагоди да нацртате.. тогаш за црвената смеса ке ви треба повеке количински да одвоите а за зелената помалку... свативте што сакав да кажам нели?
- Само да кажам уште ова дека на сликата гледате и кафен крем.. јас тоа само си додадов малку стопена чоколада - божемски да соодејствува со шарата оти е кафено - жолт пандишпанот.