Испечати

Необични кејкпопс

Необични кејкпопс

Состојки

  • Кејк
  • 2 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 чаша масло
  • 2 и 1/2 чаши брашно
  • 1/2 лажица какао
  • 1 чаша = 200 мл.
  • Додатоци
  • 4-5 лажици мармалад или еурокрем,мед или некој друг намаз
  • 2 лажици омекнат маргарин
  • Глазура
  • 200 гр. чоколада-бела или црна
  • по потреба кокос,сечкани лешници,шарени мрвици........
  • околу 45 стапчиња за или ражничи и чепкалки за заби

Подготовка

Направете бисквит и испечете го во модла бр. 24-26 см.Оставете го потоплно да се излади.Кога е изладено исечете го на четири парчиња и издробете ги на трошки во погоден сад кој ќе ги собере. Во садот додадјте го маргаринот и мармаладот-прво додадете 4 лажици, па ако треба и уште некоја. Со рака замесете тесто од кое може да формирате бомбица која не се распаѓа, значи треба тврдо тесто.
Формирајте топчиња колкави сакате по големина и оставајте ги на плех со хартија за печење. Оставете ги во фрижидер 2 часа да се стегнат и оладат.

Стопете ја чоколадата на пареа и така оставете ја-на пареа.Извадете ги бомбиците од фрижидер и почнете со работа.
Земајте го стапчете и потопете го на врвот со глазурата некаде околу 0,5 мм. Со стапчете забодете ја бомбицата, ама не до крајот. Оставете малку да се стегне, сосем малку бидејќи брзо се здрвува.
Додека се здрвува направете уште 5-6. Сега земете го првото и потопете го во глазура-најдорбо глазурата да биде во мало садче кое до горе ќе биде наполнето. Извадете го од глазурата и малку тапкајте по стапчете и вртете го за да падне вишокот чоколада и веднаш потоа посипете со кокос или трошки,што сакате. Со шилестиот дел надолу забодете го во кутија или морска пена. Така направете со сите и оставете ги малку во фрижидер глазурата убаво да се стегне и уживајте.....

Ова може да го направите кога ќе ви остане бисквит, да додадете еурокрем и да завиткате бомбица, да ја извалкате во ореви и право во кошничиња за слатки. Не мора ги правите на стапче ама така се подекоративни. Јас ги правев на чепкалка за заби. Може да ги завиткате едно по едно во мало кесе и да ги врзите со панделка....