Испечати

Саќе погача

Саќе погача

Состојки

  • за Тесто
  • 700гр. брашно
  • 40гр. квасец-коцка
  • 1 филџанче масло
  • 1 лајче сол
  • 2 лајци кисела павлака
  • за Фил
  • 100гр шунка-коцки
  • 100гр кашкавал-коцки
  • 100гр сирење бело-коцки
  • 30гр. пармезан

Подготовка

1. Најпрво се меси тестото од наведените состојки, така да се добие глатко тесто со средна јачина притоа постепено додавајќи млака вода исе остава да надојди притоа површината на тестото ја премачкуваме со масло
2. Во меѓувреме припремете си ги состојките за така што ќе ги исецкате на коцки сирењето, кашкавалот и шунката, додавате во нив босилек по вкус и измешајте
3. Од стасаното тесто се одделува една третина се сука со сукало и се става врз дното на тавче бр.30 премачкано со масло и брашно, се мачка кечап, се додаваат продуктите за фил најгоре се роси пармезанот
4. Од остатокот на тесто направете топчиња и распоредете ги најгоре врз филот, така што да не се допираат едно со друго, се премачкува јајце, може по избор сусам, ким, мак...но може и да се изостават....надоаѓа тестото повторно и се пече во загреана рерна на 200...ладно се сечи