Квргуша
Состојки
- 1/2 кгр. брашно
- 600 мл. вода
- 2 јајца
- на вкус сол, мешан сув зачин, мелен црн пипер,
- 2 парчиња стек
- 7 лажици кисела павлака
Подготовка
1.Стекот се сече на тенки шницли, се додава во него зејтин, сол, мешан сув зачин, црн пипер, по желба можете да додадете и рузмарин и мускатно оревче, оставете настрана.
2. Изматете ги јајцата со малку сол, додадете водата и брашното измешано со пецивото. Треба да добете тесто како за палачинки, но погусто. ( можете да замените количината на водата половина вода - половина млеко)- нека одстои 15 мин.
3. Вклучете ја рерната на над 200 степени и ставете во неа тавчето во која ќе ја печете квргушата, нека се загрее тавката со зејтинот. Кога ќе го излиете тестото треба да цврчне, толку топол да е зејтинот во тавчето.
4. Кога веќе сте го излите тестото, наредете го стекот и ставете да печете околу 15 мин., да се добро зацрви тестото одозгора, значи стекот е печен.
5. Извадете за кратко од рерната и премачкајте со киселата павлака. Вратете назад во рерната да се пече уште околу 5-7 мин. да се подпече павлаката.
Извадете, чекајте малку да олади и понатаму нека ви е слатко!
Совет
- внимавајте со солта доколку ви е стекот саламурен, да не се пресоли,
- температурата во рерната треба да е повисока, сечете малку подоладено бидејки ако се сече врело.. тестото ја губи својата текстура (како кај мене случајот денешен)- вие не дозволувајте го тоа.
- правев и измени во оригинал рецептот (овој што ви го напишав) чисто од љубопитност да видам како ќе се однесува тестото и кога ја намалам количината на водата и за толку додадам јогурт. Исто супер вкус.
- Квргушата секогаш ја спремам од половина состојки... доста е за четворица..